Вкусен ручек за целото семејство : Домашен паприкаш со пилешко

Овој вкусен оброк е готов за 45 минути. Така, ќе имате време да се посветите на своето семејство или да се  одморите.

Потребни состојки:

300 гр. пилешко

1 кг компири

1 дл. масло

1 морков

1 домат

250 мл. доматно пире

2 главици црн лук

1 пиперка

магдонос

мелен бибер

сол

Начин на подготовка

На загреано масло испржете го ситно исецканиот лук, додајте го морковот исечен на кругчиња, пиперката, месото и посолете по вкус. Потоа додајте пола чаша вода и мешајте со долевање на вода. Кога месото е половина сварено, додајте го доматното пире, компирот и доматот исечени на коцки, додајте половина литар вода и заедно гответе додека не биде готово.

Сварениот паприкаш тргнете го од оган, а на крај додадете магдонос и бибер.