Вкусен рецепт за леб кој не дебелее

Ако сте зависник од леб и не можете без него да си го замислите јадењето, постои идеална замена за оваа намирница. Станува збор за леб кој се приготвува без обично брашно. Овој вид на леб содржи многу малку квасец и сол, а не содржи никакви адитиви. Печивото е богато со витамини, протеини, амино киселини, јаглени хидрати и минерали, како и здрави масти.

Начин на подготовка:

1.Прелијте ја пченицата со вода и оставете ја три дена додека да из’рти. За да не се расипе пченицата, повремено менувајте ја водата.

После три дена процедете ја из’ртената пченица и сомелете ја во блендер. Би требало да добиете смеса слична на брашно.

2.Во мелената пченица додадете јачменови снегулки кои претходно малку отстојале во вода. Малку пропржете ленено семе, сончоглед и сусам во сува тава па додадете ги пченицата и јачменот.

3.Во 50 мл вода додадете квасец и малку шеќер па почекајте да се активира. Надојдениот квасец додадете го во смесата, посолете и замесете тесто. Можете да додавате уште вода доколку е потребно. В

4.Во загреана рерна на 220 степени ставете неколку коцки мраз да се создаде пареа, па потоа ставете го лебот да се пече.

Влажната средина ќе помогне да порасне тестото. Лебот печете го околу 45-50 минути.