Вкусен намаз од авокадо

Авокадото е една од најздравите состојки на светот поради големото количество хранливи состојки кои ги содржи. Овој намаз се подготвува многу брзо, а можете да го искористите за појадок или ужина, или пак како сос со главното јадење.

Потребни состојки:

1 зрело авокадо

1 лажица маслиново масло

1 лажица лимонов сок

1 чешне лук

малку морска сол

малку бибер

малку магдонос

Начин на подготовка:

Исчистете го авокадото од кората и ставете го во блендер така што ќе добиете паста. Додајте го сокот од лимон, маслиновото масло, изгмечениот лук, солта, биберот и магдоносот.

Намазот најдобро оди со испечен тост како појадок.