Вкусен колач од темно чоколадо

Состојки:

  • 230 гр. темно чоколадо (за готвење)
  • 2 лажици путер
  • 220 гр. брашно
  • 50 гр. незасладено какао
  • ¼ лажичка сол
  • ¼ лажичка прашок за пециво
  • 4 јајца
  • 200 гр. кафеав шеќер
  • 100 мл. јогурт со низок процент на масленост
  • 50 мл. масло
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 150 гр. сецкани ореви

 

Постапка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте едно тавче за печење со малку масло.
Растопете ги чоколадото и путерот во тенџере на слаб оган со постојано мешање. Во сад измешајте ги брашното, какаото, прашок за пециво и сол. Во друг сад изматете ги јајцата и шеќерот додека да добиете кремаста смеса. Додадете јогурт, масло и екстракт од ванила и мешајте додека да се изедначат. Потоа додадете го чоколадото со путер и на крај една по една лажица додадете ја смесата со брашно. Добро измешајте го тестото и префрлете го во тавчето за печење. Одозгора додадете ги исецканите ореви.
Печете го колачот 20 минути. Потоа оставете го сосема да се излади пред да го исечете на рамномерни коцки и да го послужите.