Виз Ер и Ер Србија утврдија термин за продолжување на летовите од белградскиот аеродром

Авикомпаниите Ер Србија и Виз Ер  го прецизираа 13 април како термин за продолжување на летовите од белградскиот аеродромот „Никола Тесла“, пренесе специјализираниот портал exyuaviation.

Главниот српски аеродром е затворен од минатата недела за да се спречи понатамошно ширње на епидемијата на Корона Вирусот.

И двете компании веќе започнаа со продажба на билети за летовите кои се закажани за три недели од сега. Дополнителни прилагодувања се сè уште можни, во зависност од побарувачката и ограничувањата на патувањето, пренесува порталот.

Ер Србија деновиве организираат летови за да ги ослободат заглавени српски патници на аеродромите во Москва и Доха, додека странските авиокомпании организираат летови од Белград со кои ги преземаат патниците кои се останати во градот.  Покрај тоа, српскиот национален превозник планира следните денови да реализира лет кон Соединетите американски држави, пренесува порталот.

И останатите странски компании планираат продолжување на летовите од и кон Белград, така превозникот Туркиш ерлајнс, кој ги откажа повеќето летови , планира да се врати во српскиот главен град на 17 април. Етихад ервејс ќе ги продолжи дневните летови кон Србија на 30 април, Флај Дубаи на 22 мај со седум летови неделно, а според моменталните најави Катар Ервејс ќе го направи тоа на почетокот на јуни.