Витамин кој е неопходен ако сакате да ослабите

На човечкото тело му се потребни многу витамини и минерали, кои овозможуваат негово нормално функционирање.

Освен главните нутритивни состојки, се покажало дека витаминот Д зазема важно место, посебно во врска со зачувување на женското здравје.

Овој витамин поттикнува производство на калциум, го одржува здравјето на коските, успешно се бори против анксиозност, а новите истражувања велат дека влијае на слабеењето.

„Ако сакате да ослабите, секојднево земајте витамин Д пред оброкот. Тој најдобро делува во комбинација со масти, бидејќи ги разградува маснотиите во човечкиот организам” – истакна диететичарката Кери Клифорд.

Таа додава дека нај ефикасни резултати се постигнуваат ако го конзумирате за доручек кој по правило треба да биде најобилен оброк во текот на денот.

„Истражувањето во врска со витаминот Д континуирано растат, а освен неговата најпозната улога за здравјето на коските, овој витамин помага и во одржување на здравјето на сите клетки во организмот, благотворно делува на многу функции на мозокот, го јакне имунитетот и го забрзува метаболизмот” – вели Клифорд.