Вип продолжува да ги наградува корисниците на услугата електронска сметка

Вип ја продолжува наградната игра „Еко активација" со која ја поттикнува еколошката свест во јавноста и го најавува второто извлекување на 15 август 2017г., со кое сите корисници кои се откажуваат од хартиените сметки и ја активираат услугата електронска сметка ја добиваат можноста да станат добитници на вредни награди.

Останува можноста за учество на сите постојни и нови корисници кои имаат активна електронска сметка или извршиле online уплата на било која фактура преку веб страницата на Вип или мобилната апликација “Плати сметка” на www.vip.mk и преку мобилната апликација “Мојот Vip” до 10 август односно 5 дена пред наградното извлекување.

Во првото извлекување што се одржа на 15 мај оваа година 7 среќни корисници се здобија со вредни награди и тоа: iPhone SE 64GB, Sony Experia Z5, Samsung Galaxy S6 edge plus, Samsung Galaxy Alpha, лаптоп, таблет и велосипед.

Добитниците на наградите, најдоцна во рок од три дена од извлекувањето јавно се објавуваат на официјалната фејсбук страница на Вип и на www.vip.mk.

По августовското извлекување, следуваат уште две, закажани за 15 ноември 2017г. и 15 февруари следната година.

Со овој проект Вип уште еднаш ја докажува својата посветеност кон заштитата на животната средина и насоченост за зголемување на свесноста на заедницата поврзани со оваа област истовремено работејќи на постојано зголемување на корисничкото задоволство.

На сите корисници кои покажуваат висока свест за животната средина и кои ќе земат учество во оваа наградна игра Вип им посакува многу среќа!