Винстон Черчил: Ако можете да го започнете утрото без кафе...

Како што знаеме сите, човештвото во последно време е многу посветено на технологијата, но целосно го заборавивме духовниот аспект на живеењето. Сите имаме паметни телефони преку кои можеме во кое било време да дознаеме секаква информација, но не можеме да се носиме со стресот, ниту да се ослободиме од комплексите, ниту да се прифатиме себеси онакви какви што сме.

Сите достигнувања на човештвото многу успешно беа изнесени од Винстон Черчил во еден есеј:

„Ако можете да го започнете денот без кофеин;

Ако сѐ уште можете да бидете радосни и да не обрнувате внимание на болката и непријатностите;

Ако можете да им оддолеете на кукањата и да не ги мачите луѓето со своите проблеми;

Ако можете да ја јадете истата храна секој ден и да бидете благодарни за тоа;

Ако можете да ја разберете вашата сакана личност, дури и кога нема доволно време за вас;

Ако можете мирно да прифатите критика;

Ако можете да живеете без лаги и измами;

Ако можете да се борите против стресот без дрога;

Ако се опуштате и без пијалок;

Ако можете да заспиете без таблети;

Ако искрено можете да кажете дека немате предрасуди...

Честитам: Вие сте го достигнале развојот и духовното ниво на вашето куче!“