Викендов измени: МВР информира кои улици ќе бидат затворени

На 10 и 11.08.2019 (сабота и недела) во периодот од 14:00 до 22:00 часот ќе се одржи Европско атлетско екипно првенство на национална арена „Тоше Проески“ во Скопје.

Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што за сообраќај ќе биде затворена улицата позади западната трибина на националната арена „Тоше Проески“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.