Викенд временска прогноза

Денес е среда, 24 мај 2017 година, 144-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:01, а ќе зајде во 19:58 часот. Денот ќе трае 14 часа и 57 минути.

Во раните утрински часови во источната половина од Македонија како и во крајните западни планински предели преовладува претежно облачно време со услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд, додека пак во останатите предели претежно сончево со локална облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија и денеска не очекува еден нестабилен ден, ќе биде умерено облачно со врнежи од дожд и грмотевици и свежо време. 
Поинтензивни врнежи се очекуваат попладне и тоа во крајните западни како  и во североисточните и источните предели каде што локално може да наврнат и над 20 литри дожд. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 7 до 15 степени, додека пак максималните дневни од 12 до 22 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици, иако во раните утрински часови се очекуваат и доста сончеви периоди. Ќе дува доумерен слаб североисточен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна до 22 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во четврток ќе биде умерено облачно и нестабилно време со поинтензивни врнежи од дожд и свежо време со температури кои ќе се движат од 11 до 21 степени. Врнежите од дожд ќе продолжат и во текот на ноќта четврток кон петок како и во петок во утринските и претпладневните часови кога врнежите че бидат и поинтензивни. Минималните температури од 4 до 12 степени, додека пак максималните дневни од 12 до 22 степени.  Во сабота и недела умерено облачно време со сончеви периоди, но во западните како и во крајните источни и североисточни предели со услови за слаби врнежи од дожд. Минималните температури од 4 до 12 степени, додека пак максималните дневни од 12 до 22 односно од 13 до 23 степени.