Викенд хороскоп: Венера и Плутон ни помагаат да ја пронајдеме љубовта

Месечината е во Близнаци, а Плутон и Венера ја носат љубовта во нашиот живот.

Со оглед на тоа дека во петок, Месечината прави конјункција со Уран, ова е период кога можеби ќе се размрда нешто што ви носело сигурност. Од вас ќе се бара да дадете нов поглед на дадената ситуација и да се ослободите од материјалните работи кои не ви носат ништо. Петок е ден кога ќе ви биде дадена можност во некој однос, да го исправите начинот на комуникација и да најдете полесен модел. Слушајте ја интуицијата и таа нека ви биде водилка.

Во сабота, Венера прави тригон со Јупитер. Ќе ја најдете вистинската мера во тоа што го правите и ќе ги одредите своите приоритети. Почувствувајте ја леснотијата во односите со другите луѓе и инспирирајте ги другите на љубов, која може да биде постојана и да ви донесе чувство на сигурност.

Месечината во недела влегува во знакот Близнаци, така што акцентот ќе биде на интеракцијата и комуникацијата. Со оглед на тоа што Венера во текот на истиот ден ќе прави тригон со Плутон, овој аспект ве повикува да се активирате и да ја трансформирате својата енергија кон оние работи што ви носат пријатно чувсттво и мир. 

Венера вака носи еден посебен вид на магија, помагајќи ни да ја пронајдеме љубовта, односно да го обликуваме своето царство во кое љубовта е главна сила.