Видео: Погледнете како 65.000 луѓе ја пеат „Bohemian Rhapsody“ во еден глас

Песната „Bohemian Rhapsody” од британската група Квин е една од најпопуларните и најдобрите песни на сите времиња. Иако момците од групата имале проблем да се изборат за оваа песна, бидејќи никој освен тие не верувал во оваа песна, сепак на крајот издвојувале победа и затоа денес оваа песна се смета за вистинско ремек-дело во музиката.

Во продолжение погледнете едно видео кое американската група Грин Деј го објавија на нивната страна. Имено, за време на нивната турнеја, пред да започне концертот и да излезат момците на сцена, некој пуштал музика и одеднаш започнала „Bohemian Rhapsody”. Никој не очекувал дека насобраната публика која броела околу 65.000 луѓе одеднаш ќе почне на цел глас да ја пее песната и тоа во еден глас!

Погледнете го видеото, верувајте дека морници ќе ви минат низ телото, особено ако сте обожавател на Квин и на оваа безвременска песна!