Вети си ги на себе овие работи...

Вети си дека ќе ги размрдаш сите тишини кои ги чуваш во длабочината на своето битие. 

Вети си дека секогаш ќе одиш со главата високо крената, без оглед на сѐ.

Вети си дека никогаш нема да дозволиш да изгубиш надеж, колку и да ти изгледа дека сѐ околу тебе е безнадежно и црно.

Вети си дека нема  да дозволиш да изгубиш верба во луѓето само затоа што неколкумина се покажале лоши.

Вети си дека никогаш нема да престанеш да се забавуваш, дека нема да дозволиш рутината и ударите на животот да те исполнат со рамнодушност.

Вети си дека никогаш нема да престанеш да се воодушевуваш на убавината на животот.

Вети си дека ќе ги прегрнуваш често оние кои ги сакаш, затоа што не знаеш кога последен пат ќе ги видиш.

Вети си дека секогаш ќе се бориш за љубов, без оглед на сѐ!