Верверици го оставија половина Скопје во мрак

Повеќе од еден час поголем дел од главниот град вчеравечер беше без електрична енергија. Струја немаше во Аеродром, каде во мрак е целиот булевар „Кузман Јосифовски – Питу“. На свеќи беше и поголемиот дел од Црниче.

Настрада и уличното осветлување во Центар, каде во мрак беа улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, а струја немаше ни во ГТЦ.

Дефектот наводно доаѓа поради две верверички заглавени во трафостаницата.

Ова не е првпат животинчиња да го остават градот без струја. Во два наврати, за ваквиот куршлус виновни беа две куни.