Верижен судар на автомобили во Скопје

Вчера во 07.40 часот на ул.„Лука Геров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди А4“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(43) од Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(34) од Скопје и патничко моторно возило „фиат линеа“, со скопски регистарски ознаки управувано од Ј.П.(44) од Скопје.

„Во незгодата било удрено и паркирано патничко моторно возило „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од Ј.Т.(44) од с.Битуше. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.К. и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.