Венера владее со нашите чувства, вредности, животни задоволства. Таа зборува за нашите вкусови, уметнички склоности, сето она што нè прави среќни. Освен тоа, врзана е за нашите односи, врски, возбудувања, рамнотежа.
Венера во Јарец е ледена кралица која знае само дека оној кој е истраен, трпелив, зрел и одговорен го заслужува нејзината почит. Кога еднаш ќе ја купите со своите квалитети, таа е постојана како сенка.
Навикната е да чека. Таа чека еден принц, човекот кој ќе го сака до крајот на животот. Оваа Венера е ориентирана на целта, духовита, поткована и под контрола. Многу е внимателна, па дури и во љубовта. Премногу е практична за да ја изгуби главата поради љубовта.
Во овој период, многу внимателно ќе пристапувате на животните сфери и ќе можете да се потпрете на себеси. Нема да се трудите да го украдете вниманието со својот изглед, туку ќе бидете класични, префинети, умерени и сериозни.
Оние врски кои ќе го надминат овој период може да се каже дека се силни, долготрајни врски. Од друга страна, оние кои се базираат на нестабилни и лажни односи, ќе пукнат многу лесно. Оваа Венера точно сака да знае на што е. Ако сте сами, можно е овој период да запознаете сериозна, амбициозна личност која ќе ве освои.
Многу од вас, ќе се врзат за работата и тука ќе ја насочат својата енергија. Можно е работата да ви стане поважна од емоциите, кои ќе се трудите да ги контролирате и потиснувате овој период. Ова е одличен транзит за оние кои долго очекуваат да им се оствари некоја професионална цел.
Додека Венера е во владеењето на Јарецот, многу веројатно е дека ќе ви се појави некој од минатото. Венера во Јарец е посветена на стари љубови, недовршени емоции. Ќе се појави личност која ќе ве замоли за уште една шанса.
Ова е период и кога во вашиот живот ќе влезат луѓе кои ќе ве стимулираат со својата оригиналност, луѓе со отворен ум и срце, на места на кои не очекувате да сретнете таква личност.
Венера во Јарец ќе остави најголем впечаток на Јарците, но и оние со подзнак Јарец. Ова е период на мудрости, созревање и голема одговорност. Со самото тоа, многу од овие денови нема да бидат лесни за вас.
Сепак, време е да ја разбудиме радоста која живее во сите нас. Заборавивме како да живееме, а Венера е тука да нè потсети на тоа.