Велосипедско дефиле во Скопје

Низ улиците на главниот град утре ќе се одржи велосипедско дефиле, кое ќе започне во 10 часот пред Порта „Македонија.

Маршутата е предвидено да продолжи по улицата Димитрие Чуповски и оттаму кон бул. Кочо Рацин, бул. Крсте Петков Мисирков, бул. Гоце Делчев, бул. ВМРО, бул. Партизански одреди, бул. 8ми Септември, бул. Илинден.

Велосипедското дефиле ќе заврши кај Школката во Градски парк, каде следи забавна програма, а повеќе среќни добитници преку лотарија ќе добијат велосипеди, како симбол на користење на алтернативни превозни средства.

На дефилето ќе се приклучи и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.