Вечерва ќе започна "Културно лето Карпош 2017"

Со концертот на Игор Џамбазов и блуз-поп составот ГуруХаре вечер на платото во ТЦ "Лептокарија" ќе започна "Културно лето Карпош 2017".

Како што информира општина Карпош, љубителите на културата и уметноста на 10. културна манифестација ќе можат да уживаат во концертите на наши музички ѕвезди, културно-уметнички друштва и да посетат ликовни изложби. Петнаесет дена, секоја вечер посетителите ќе можат да слушаат џез, поп, етно и народна музика, класика, во изведбата на наши пејачи и музички групи. Предвидена е и културно-уметничка програма за најмладите.

На "Културно лето Карпош 2017" ќе има и стенд-ап комедии на познати комичари, музички перформанси, културно-уметнички изведби, ликовни презентации...

Централната локација на која ќе се одвива оваа манифестација е платото во ТЦ "Лептокарија" "Културно лето Карпош 2017" ќе го затвори познатиот македонски кантавтор Венко Серафимов, кој на 1 септември ќе одржи концерт во придружба со познати музички имиња од македонската уметничка естрада.