Важна лекција: Среќата не доаѓа така лесно ако постојано гледате назад, кон минатото

Време е повторно да почнете да верувате во себе, да продолжите со својот живот и да си ја вратите насмевката на лицето. Време е да го оставите минатото онаму кадешто припаѓа, позади вас.

Фокусирајте се на тоа што е најважно во вашиот живот: вашата среќа.

Почнува ново поглавје за вас. Време е да прифатите што се случило, да ги научите важните лекции и да продолжите со своето животно патување. Време е да го ослободите своето срце од сите стеги и умот од мислите што би било кога би било.

Ја заслужувате сета среќа на светот, но тоа можете да го имате, само ако самите одлучите да биде така. Но, среќата не живее во минатото, таа е пред вас. Таа не е само надворешен фактор, туку и нешто што е во вас. 

Никогаш нема да ја достигнете среќата (што и да посакувате) ако постојано гледате назад. Кога ќе продолжите напред со својот пат, ја имате можност да се борите за тоа што го сакате и да ја достигнете. Чекор по чекор.

Секогаш потсетувајте се да се сакате себеси. Тоа е најважното нешто на овој свет. Ќе запознаете што е тага, но и што е среќа, што е зло,но и што е добро.