Вардарци со фановите ја прославија победата во Келн

Вардар е нов европски ракометен првак. Храбрата игра и мудрата тактика на тренерот Раул Гонзалес вроди со плод. Капитенот Стојанче Стоилов на крајот го подигна пехарот за најуспешниот тим во 2017 година откако беше совладан големиот француски состав Пари Сен Жермен со 24:23 во финалето на фајнал фор турнирот во Келн.

Нова драма се случи во Ланксес арената. Повторно мечот го реши еден удар. Победата која беше градена 60 ет минути сега Иван Чупиќ не дозволи да побегне, слично како против Браселона кога јунак беше Лука Циндриќ. На крајот во последната секунда од неговата позиција на десно крило зема се во свои раце. Со голема самодоверба и желба да го повтори успехот од лани кога стана шампион со Киелце беше мирен. Без да му затрепери раката го совлада одличниот Тиери Омејер за големо славје на крајот во таборот на македонскиот првак, кој во својот дебитантски настап на завршницата испиша нова страница во историјата на клубот и македонскиот ракомет воопшто. 

По официјалното завршување на натпреварот ракометарите на РК Вардар беа пречекани со оваации пред хотелот во кои што беа сместени. Потоа, заедно со своите фанови се упатија во кафеана каде што славењето продолжило до раните утрински часови во позитивна атмосфера со убава музика и забава. 

Скопје Инфо претходно објави дека Град Скопје во вторник ќе го организира пречекот на нашите шампиони. Да ги дочекаме достоинствено, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.