Вардарци и официјално го кренаа лигашкиот пехар!

Екипата на ФК Вардар вчера и официјално го заврши натпреварувањето во Првата фудбалска лига на Македонија со победа над градскиот ривал Работнички. Вардарци славеа со 1:0 освојувајќи вкупно 80 бодови на 32 натпревари поставувајќи нов државен рекорд.

До предноста Вардар дојде преку пенал, кој го реализираше Златко Таневски, со што ја забележаа својата 25-та победа. Натпреварот се одигра на Националната арена „Филип Втори“, каде Вардар играше како гостин. Ова е 10-та јубилејна титула за Вардар, што го прави далеку најтрофејниот македонски клуб, од вкупно 24-те сезони досега одиграни. 

„Многу сум среќен, пред сѐ што добив можност како стартер да ја носам капитенската лента на овој меч. Пред почетокот на натпреварот, падна една шега во соблекувалната дека доколку има пенал, токму јас треба да ја превземам одговорноста. Ете, на крајот навистина добивме пенал и се радувам како мало дете што го постигнав овој многу важен гол, благодарение на кој го надминавме и рекордот според бројот на освоените бодови во Првата лига“, рече Таневски, веднаш по завршувањето на средбата.

Следно поглавје за Црвено-црните ќе биде настап во европските натпреварувања, каде ги чекаат сериозни предизвици.
-„Свесни сме и знаеме што нѐ очекува во Европа, па затоа ќе се обидеме максимално да се подготвиме и да направиме поголем успех надвор од Македонија. Сметам дека играчите се зрели и знаат како треба бидејќи голем дел од нив и настапувале за европски клубови“, потенцираше шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски.

air max 90 essential sale