Утрово воздудхот најзагаден во Центар и Ѓорче Петров

По краткото расчистување по врнежите, на скопјани за жал повторно им се враќа највернијот „пријател“ во зимските месеци - загадениот воздух. Изминатава ноќ повторно е забележано екстремно загадување во повеќе општини, а утрово воздухот во главниот град е со најлош квалитет во Центар и Ѓорче Петров со 61 ПМ 10 честички. Зад нив е Карпош со 49.

Низ Македонија, критично уште во утринските часови е загадувањето во Тетово - 124, како и во Куманово со 91 ПМ 10 честички.