Куркумата е зачин кој доаѓа од Индија со жолто-портокалова боја. Позната е како антисептик, има антивоспалително дејство и е силен антиоксидант кој се бори со канцерогените слободни радикали. Таа е одлична за јакнење на телото и опуштање на болното грло и поради тоа се препорачува овој напиток да се пие во текот на целата зима.

Овој еликсир кој се препорачува да го пиете наутро ќе ви помогне да ги избркате сите болести, поради комбинацијата на состојки кои ги содржи.

Потребни состојки:

Половина лажица куркума

Малку цимет

Лажица кокосово масло

Шолја топла вода

Сок од половина лимон

2 лажици мед

Овие состојки потребно е добро да ги измешате и еликсирот е подготвен.