Утре без струја повеќе скопски општини

Утре заради закажани технички зафати без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини, информираат од ЕВН.

Во периодот од 07:00 до 08:00 часот корисниците од дел од село Арачиново. (Општина Арачиново)

Во периодот од 11:00 до 13:00 часот корисниците од делови од улиците Мечкин Камен, Дубровничка, и Сремски Фронт. (Општина Ѓорче Петров)

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од викенд населбата Веле Поле, дел од село Кондово, дел од с. Кучково и викенд населбата Кучково. (Општини Ѓорче Петров и Сарај)

Во периодот од 08:00 до 16:30 часот корисниците од стопанските и нестопанските објекти во општина Сопиште, поголем дел од нас. Припор и фирмите Ице Мак и Метало Солар. (Општини Сопиште и Кисела Вода)

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот корисниците од селата Текија, Дељадровци, Миладиновци и рампата Миладиновци. (Општина Илинден)

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот корисниците од дел од ул. Анкарска. (Општина Карпош)

Во периодот од 07:00 до 15:00 часот корисниците од фирмите Волво сервис за камиони, ДМ Транс, Птицеводство и Живинарската фарма зад Суташ. (Општина Илинден)

Во периодот од 09:00 до 11:30 часот корисниците од дел од ул. Мирче Оровчанец. (Општина Карпош)

Во периодот од 13:30 до 14:30 часот корисниците од делови од улиците Прашка, Букурешка и Париска. (Општина Карпош)