Утре без струја делови од Центар, Карпош и Илинден

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека за ден 10.12.2019 год. (вторник) се планирани следните технички зафати во електро-системот на Град Скопје и без електрична енергија ќе останат делови од три скопски општини.

• во периодот од 09:00 до 13:00 часот корисниците од дел од ул. Лазар Личеноски во близина на мост „Гоце Делчев“. (Општина Центар)

• во периодот од 13:00 до 15:30 часот корисниците од дел од ул. Франце Прешерн. (Општина Карпош)

• во периодот од 09:00 до 12:00 часот корисниците од дел од ул. Варшавска. (Општина Карпош)

• во периодот од 09:00 до 12:30 часот корисниците од ул. Џумајска од бр. 1 до бр. 12 како и ул. Миле Поп Јорданов од бр. 29 до бр. 56. (Општина Карпош)

• во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. Даме Груев од бр. 2 до бр. 86 во населба Илинден, кој оди кон ул. Даме Груев. (Општина Илинден)