Утре без струја делови од Центар, Ѓорче Петров и Кисела Вода

Утре, 6 февруари, поради закажани технички зафати без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на Центар, Ѓорче Петров и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Во периодот од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе останат корисниците од дел од улица Загрепска, односно објектите со мали броеви од 3 до 11, во периодот од 8:30 до 15 часот, корисниците од дел од улица Црногорска, објектите околу ул. 28 и во периодот од 12 до 15  часот, корисниците од дел од улица Христо Татарчев, објектите во Расадник кај „ГЕТ кафе“.