Уставен го поништи спорниот ДУП во Аеродром

На 18.05.2018 година мнозинството во Советот на општина Аеродром предводено од СДСМ, по налог на градоначалникот Златко Марин донесе нов детален урбанистички план за просторот покрај булевар Трета Македонска Бригада, со кој се предвидува изградба на 4 нови станбени блокови со површина од над 90.000 м2 површина. Тоа се 4 нови висококатници, од кои 2 нови станбени згради со висина од 8 ката и 40.000 м2 површина и две нови деловни згради со висина од 5 ката и 50.000 м2 површина, со помалку од 2% зеленило во рамки на ДУП-от.

Веднаш по донесување на спорната одлука, истата беше оспорена пред Уставниот суд на Република Македонија, за што од негова страна на ден 13.03.2019 година е донесено решение за поведување на постапка за оценување на уставност на донесениот детален урбанистички план.

По донесување на решението за оценување на уставност на оспорениот ДУП, Марин во текот на летово издаде одобрение за изградба на нови згради токму во рамки на овој ДУП.

На 02.10.2019 година, Уставниот суд на Република Македонија донесе одлука согласно која се укинува донесениот ДУП од Марин и советничката група од СДСМ, меѓутоа и покрај ваквата одлука, на дел од локациите се гради, благодарение на градоначалникот Марин кој експресно издаде одобренија за градба.