Успение на Пресвета Богородица во манастирот во Матка

Во предвечерието на христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во манастирот во Матка кај Скопје денеска ќе се одржи вечерна богослужба (18:00), а потоа и Духовна академија и полноќно бдеење. 

Традиционално, на Духовната академија ќе учествуваат деца од Скопје кои ќе изведат  хорски црковни песни, а предвидено е и читање псалми. 

Утре, на денот на празникот, во манастирот ќе се одржи света божествена литургија (08:30) на која ќе чиноначалствува неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Како и минатите години, во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.