Уште две нови награди за филмот "Кога денот немаше име"

На штотуку завршениот 23. Фестивал на Авторски Филм во Белград, македонскиот филм “Кога денот немаше име“ ја доби престижната награда на филмските критичари ФИПРЕСЦИ.

Во обајснувањето од страна на тричленото жити во состав Томислав Гавриќ, Др. Весна Периќ и Драган Јовановиќ велат: Македонско -  Словенско - Белгиската копродукција се одликува со сигурна режија, одлична работа на камерманот и компактна драматургија, кој наспроти цикличната структура на приказната, во која се знае крајот на самиот почеток, го вовлекува гледачот до самиот крај.

Пред нас видовме дистописка, прецизна дијагноза на етнички и социјално раслоено општество, кое кореспондира со нестабилната реалност на Балканот, додаваат членовите на жирито.

Инаку, филмот минатата недела на 11-то издание на Мостарскиот Филмски Фестивал, специјализиран за глума, наградата за дебитанско остварување му беше доделена на актерскиот анасамбл од филмот “Кога денот немаше име.”