Универзумот секој ден ви праќа моќна порака: Послушајте ја и подобро ќе живеете!

Често бараме животот да ни даде знак дека треба да правиме нешто, а од друга страна ретко ги забележуваме знаците кои стојат пред нас. Оваа кратка и инспиративна приказна ќе ве натера да ги отворите очите и да бидете свесни за се околу себе.

Пред некое време, една помлада личност ми зборуваше за тоа како додека се возела во својот автомобил, застанала на пешачки премин за да пропушти двајца стари луѓе.

Двајца стари луѓе, навистина така кажа. И навистина, со оглед на нејзините години, многу е можно оваа демографска група да е проширена и да важи за многу од нас.

Таа ми велеле дека тие, кога виделе дека застанала, се фатиле за рака и така, држејќи се за рака, почнале да го преминуваат пешачкиот премин. Но, наместо да побрзаат, се движеле бавно. Но, и тоа не им било доволно, па застанале на сред пешачки премин и се бакнале.

Таа потоа рече: „Притисокот ми скокна до плафон! Не знаев што да правам и зошто воопшто застанав на пешачкиот премин! Им свирнав, а тие продолжија нога пред нога, како воопшто да не им е грижа за светот околу нив!“

Ја погледнав и и реков: „Не те разбирам. Универзумот ти праќа еден прекрасеен пар за да ти ја пренесе неговата порака, а ти му свириш?“

Таа ме погледна бледо, па затоа и објаснив: „Универзумот ти порачува малку да забавиш. И ти покажал каков ќе ти биде животот ако забавиш, ти покажал каков живот посакува за тебе...“

Во трката со нашите обврски, трка која самите си ја наметнуваме, многу често пролетуваме низ сопствените животи. Кога на крајот од денот ќе почувствуваме потреба да наброиме некому каде сме биле, што сме правеле, понекогаш ни се случува да заклучиме дека тој ден речиси и да не сме живееле, едноставно сме го претрчале денот, без да направиме нешто корисно или добро.

Заклучуваме дека тоа и не бил наш ден. Дека не сме успеале да го организираме на добар начин. Заклучуваме дека таков ден не би посакале на човек којшто го сакаме. Во суштина, денот во којшто не сме имале време за луѓето кои ги сакаме и не може да се нарече ден. Ден во кој не сме се потрудиле да се чуеме со луѓето коишто ги сакаме или повторно да се слушнеме со оние со коишто живемее, кои ги сакаме и почитуваме и ден во кој не сме им дозволиле да дојдат до збор, може да се каже дека е залудно потрошен ден.

cheap nike air max 90