Улицата „Борис Сарафов“ доби атмосферска канализација

Дел од улицата „Борис Сарафов“ („4 Јули“), во општина Ѓорче Петров, доби нова атмосферска канализација.

По барање од Град Скопје и Општина Ѓорче Петров, беше изработена проектно-техничка документација за атмосферската канализација по дел од улицата „Борис Сарафов“, во општина Ѓорче Петров.

Со реализација на проектираната атмосферската канализација во должина од 600 метри и дијаметар од 400 милиметри, се создадоа услови за идно проектирање, а потоа и изградба на атмосферска канализација и по другите улици во овој дел од населбата. Трасата на атмосферската канализација е усогласена со решенијата за хидротехничка инфраструктура во ДУП за овој локалитет.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ го обезбеди потребниот материјал за реализација на овој проект во вредност од 1.253.000 денари.