Улица на црвените фенери во Скопје: Разголени девојки им се „нудат“ на граѓаните преку стакло (видео)

Шест провокативно облечени вечерва од 17 часот од излози на булеварот Св. Климент Охридски на скопјани им нудат сексуални услуги. 

Секоја од нив има свој излог и  поинаков настап по примерот на сексуалните работнички од борделите на Улицата на црвените фенери во Амстердам.

Излогот е дел од годинашното одбележување на Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работнички.

Публиката има можност да разговара со девојките, но преку стакло. 

Перформансот ќе се реализира од  17 до 22 часот, со пауза од 19 до 20 часот.