Украдените пари пренесени во Србија - нови детали за милионската кражба во Тутнска

Украдените пари од Тутнска  банка со автомобил од земјава  биле пренесени во Србија од Борис М., пријател на трезористот Бобан С., кој еден ден претходно ги украл парите од трезорот на банката, соопштува МВР.

МВР нема  дополнителни информации дали парите завршиле во Србија или биле пренесени во друга држава. Исто така МВР информира дека Бобан имал помош од неговата колешка и неговиот брат кој исто тка работел во Тутунска. 

- По дополнително преземени мерки, како и обезбедени докази, Единицата за економски и компјутерски криминал до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе писмено известување за лицата Г.С. (43), брат на Б.С., за Е.П. (24) вработена како банкарски комерцијалист во НЛБ банка, како и за Б.М.(38), пријател на првопријавениот, сите од Скопје. За нив постојат основи на сомнение дека извршиле кривично дело затајување во врска со кривично дело помагање, со што на Б.С. директно му помогнале во извршувањето на кривичното дело, со кое противправно стекнал имотна корист од 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра - велат од МВР.