УЈП за една недела треба да испрати 80.000 даночни пријави

Управата за јавни приходи има една недела за да ги достави Годишните даночни пријави за 2018 година кои граѓаните потоа ќе треба да ги потврдат или коригираат. Досега испратени се околу 620.000 илјади, а остануваат да се достават уште нешто над 80 илјади.

Потоа, граѓаните ќе имаат рок од еден месец, односно до 31 мај да ја потврдат или коригирираат даночната пријава.

Пријавата која граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна ќе треба да биде одобрена од службено лице на УЈП. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на решение за утврдување на персонален данок.