Угостителите реагираат дека полициската акција им го нарушила угледот

„Хорекаши“ со реакција поради големата полициска акција во угостителските објекти, што се одвиваше во саботата. Соопштението го пренесуваме во целост:

Почитувани граѓани,

Здружението за заштита на правата на угостителите „Хорекаши“ е директно засегнато од настанатата ситуација со помпезно најавената гоелма полициска акција во угостителските објекти во Република Македонија, која се одвиваше во саботата 11 ноември 2017 година.

Имајќи го во предвид фактот дека нашето здружение беше формирано со основна цел да се заштитат правата на угостителите, кои уредно вршат угостителска дејност, ги поздравуваме сите напори на државните институции за доследно почитување на позитивните законски прописи, со што ќе се создадат еднакви услови за сите угостители да можат да ја вршат својата основна дејност.

Сепак, од самиот начин на кој се одвиваше и на кој во јавноста беше презентирана целата оваа акција мора да го кажеме следново:

Посетени се повеќе од 40 објекти и најдени се неправилности во не повеќе од 18 објекти, од кои за 13 објекти е издадено решение за затварање. Во сите 40-тина објекти е нарушено редовното работење, а во многумина и стопирано. Со тоа е нанесена огромна материјална штета и е нарушен угледот на истите објекти, посебно кај оние 30-тина каде не се најдени неправилности. Посебен акцент ставаме на предизвиканиот страв кај гостите од кои повеќето се странци видно загрижени за својата безбедност, кои вчудоневидени седеа во објектите спречени истите да ги напуштат од припадниците на ЕБР наоружани до заби, за кои сите знаеме дека таму не им е место.

 

Со почит ХОРЕКАШИ