Учество на граѓаните во креирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2018 година

Во организација на Општина Илинден, во средното општинско стручно училиште „Илинден“ се одржал Буџетски форум на кој граѓаните преку посочување на приоритетните проекти во нивните населени места, имале можност со своето партиципативно учество да придонесат во креирањето на Буџетот на општина Илинден за 2018 година.

Општина Илиден информира дека најголемиот дел од предложените над 60-на проекти и проектни активности биле од областа на патната инфраструктура, а по нив следеле проекти од областа на здравственстата заштита и образованието.

Обраќајки се на Форумот, градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски го изразил значењето на граѓанското учество во креирањето на Буџетот, и притоа додал дека организирањето на ваквите буџетски форуми во последните години, даваат резултати, што се гледа од фактот дека приоритетите дефинирани од граѓаните се и приоритети за работа на Општината.

Од Илинден посочуваат дека транспарентноста во креирањето и носењето на Буџетот за секоја година, општината ја практикува со организирање на граѓански форуми, со цел да им излезе во пресрет на барањата и потребите на граѓаните, со што ќе се овозможи и создавање на поквалитетни услови за живеење во сите населени места.