Учесници од седум европски земји во Аеродром ќе се натпреваруваат во брзо решавање рубикова коцка

Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од Општина Аеродром викендов ќе биде домаќин на третиот меѓународен натпревар во брзо решавање рубикова коцка.

На натпреварот се пријавени над ​75 учесници од нашата држава, како и од Швајцарија, Белгија, Грција, Србија, Бугарија и Косово.

Натпреварувањето ќе трае два дена, в сабота од 9:00 до 18:30 часот и в недела од 9:00 до 17:00 часот, а за сите посетители влезот ќе биде слободен.

Организатор на натпреварот е Македонската кјубинг асоцијација (МКА), а ќе биде делегиран од „Ворлд кјуб асосиејшан“ (WCA), која одржува над 1.000 натпревари годишно низ целиот свет.