Убавината на парк-шумата Гази Баба и несовесното однесување на граѓаните

Одат во природа за да уживаат и да се рекреираат, а потоа самите ја загадуваат и уништуваат природата со отпадоци!

Парк-шумата Гази Баба е идила сместена на само 5 километри од центарот на градот, веднаш до скопските населби Автокоманда и Железара. Шумска оаза, со дрвја до дваесетина метри, голема полјана, трим патеки, летниковци за одмор, како и справи за вежбање. Прекрасно место за да се избега од топлото сонце, за прошетки длабоко во шумата, подалеку од врелиот асфлат, а сепак си во Скопје. Градот Скопје во соработка со општината Гази Баба му дадоа нов лик ова место и го направија пријатно за сите посетители кои би можеле да се рекреираат токму тука. Тука можат да се видат рекреативци кои трчаат на трим патеките, од мајмладо до настаро, момци кои си го обликуваат своето тело, како и граѓани кои со своите деца и миленици ги зафатиле големите сенки.

Голем дел од граѓаните не ја ни знаат оваа убавина, ниту пак некогаш го посетиле ова место, а верувајте треба во најскоро време тоа да го направите. Сепак не би било интересно и не би биле ние доколку не постоеа луѓе би ја уништувале убавината и би се грижеле за истата како совесни граѓани. Наша читателка ни испрати слики од убавините на парк-шумата Гази Баба, но и видно револтирана ни напиша за сето тоа што го видела таму документирано со слики, односно ѓубрето кое го оставаат граѓаните после прошетката и нивната рекреација.  

-Живеам во Ново Лисиче и викендов за прв пат ја посетив парк шумата Гази Баба. Повеќе пати имам слушнато, но никогаш не сум обрнала внимание, бидејќи претпоставував дека станува збор за некој мал простор со неколку клупи. Викенодв по иницијатива на моја пријателка решив да отидам и верувајте се заљубив во убавината што ја видов таму. Шумата е прекрасна, додека додека шетате низ неа можете да видите верверички и желки, насекаде е обележано со знаци, има чешмички за вода, летниковци, навистина е преубаво. После прошетката низ шумата излеговме на една полјана, прекрасна полјана. Имаше спортисти кои тука тренираа, рекреативци, родители со своите деца и миленици, рај за очите е ова место, посочува Ивана од скопската населба Ново Лисиче.

Сепак, и покрај целата убавина Ивана се разочарала од однесувањето на граѓаните кон убавини кои ги имаме.

-Имаме толку прекрасни места и убавини како во Скопје така и низ целата држава, но за жал не знаеме да ги чуваме, а многу полесно знаеме да ги уништиме со фрлање отпад. Додека траеше прошетката наидов на многу ѓубре, кое е оставено и расфрлано од самите граѓани кои доаѓаат тука за да уживаат во природа во својот град и навистина се згрозив. Направив слики кои би сакала да ги види јавноста од убавините на парк шумата Гази Баба, но има и слики и од расфрланото ѓубре со кое уништуваме се што е убаво. Потребно е сите да ја чуваме природата, да бидеме совесни граѓани и заштитници на природата, а би ги советувала сите граѓани кои досега не го посетиле ова прекрасно место, што поскоро да дојдат  да уживаат во природата, заврши Ивана.