Уапсено момче на Бит Пазар

Момче било уапсено вчера откако кај него полицијата пронашла марихуана.

-Вчера во 19:20 часот на подрчјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода23-годишниот Б.С. од Скопје, затоа што при извршен преглед во неговиот дом, по издадена наредба од судија на претходна постапка, кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок - информира МВР.