На социјалните мрежи вечерва се прошири веста дека лицето кое ја направило сообраќајната незгода во скопската населба Кисела Вода е директорот на Македонскиот народен театар, Драган Спасов - Дац.
“Пред малку во Кисела Вода кај шампионче Драган Спасов #Дац со кола прегазил девојче. Дрегерот покажал 2.35 промила?!“ - напиша Катарина Вит на твитер.
Веста дека Драган Спасов - Дац е лицето кое ја предизвикало сообраќајната несреќа ја објави и порталот Плус Инфо.
Драган Спасовски Дац, директор на МНТ, вечерва на улицата Огњан Прица кај „Шампионче“ околу 21.20 часот со возило БМВ повредил 27-годишна девојка, дознава Плус Инфо од упатени извори.