ТВ Нова на протест: Блокиран сообраќајот на улицата Франклин Рузвелт

ТВ Нова секојдневно ќе одржува едночасовен протест на разни локации од 13 до 14 часот, објави телевизија. Денес вработените протестираат пред Специјалното јавно обвинителство.

Порад тоа овој момент, па се до 14 часот затворена за сообраќај е улицата Франклин Рузвелт на потегот помеѓу булеварот Партизански одреди и улицата Орце Николов. Возилата од страна на МВР се пренасочуваат на споредните улици.