Турски театар в недела премиерно ќе ја изведе претставата за деца „Јунаци од Бајките и Црвенкапа“

На ден 17.03.2019, недела, во 12.00 часот, НУ Турски Театар- Скопје, премиерно ќе ја изведе претставата за деца „Јунаци од Бајките и Црвенкапа“, која од уметнички, технички и организационен аспект е реализарана од страна на актерите на НУ Турски Театар-Скопје.

НУ Турски Театар – Скопје со оваа претстава ја започнува програмата за 2019 година, со што продолжува со својата квалитетна и продуктивна работа.

По изведба на преставата за деца НУ Турски Театар – Скопје ќе продолжи со полна пареа да работи на проектите добиени од Министерството за Култура за програмата за 2019 година. Министерството за Култура на Република Северна Македонија на НУ Турски Театар – Скопје за 2019 година од буџетот одвои средства за следниве проекти во режија на Васил Христов, Билге Емин и Џабир Доко.

Сегашното раковотство информира дека, додека ја реализира проект програмата за 2019 година, паралелно е во подготовка за одбележување на 70 годишнината на НУ Турски Театар – Скопје во наредната 2020 година.

Улогите ги толкуваат: Црвенкапа – Сузан АКБЕЛГЕ, Пепелашка – Инес РАДОНЧИЌ, Златокоса – Жале ОСМАНЛИ, Снежана – Емине ХАЛИЛ, Вештерката – Зиба РАДОНЧИЌ, Мачорот во чизми – Осман АЛИ, Пинокио – Един ЈАКУПОВИЌ, Петар Пан – Џенап САМЕТ, Библиотека – Фунда ИБРАХИМ, Плакарче – Ријад ТАХИР, Столица – Неат АЛИ, Дрвјата – Фунда ИБРАХИМ, Ријад ТАХИР, Един ЈАКУПОВИЌ, Неат АЛИ, Птиците – Фунда ИБРАХИМ, Неат АЛИ, Ријад ТАХИР.

 Испициент: Ердинч РУШИД, Суфлер: Нериман ШЕНЃУЛЕР, Организатор: Шенхан ЗЕКИР, Декоратери: Зекирја АБДИ, Изудин БЕГОВИЌ, Мехмет ИСМАИЛ, Суад РАХМАН, Џенгиз ХАЛИЛ,  Булент ХАСАН Тон: Левент ИБРАХИМ, Cветло: Бекир КУБУР, Реквизита: Танкут ИБРАХИМ, Гардероба: Муаља САЛИХИ, Мухамед БАКИОВСКИ, Шминка: Севим Ќерим.

Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија.