Туршија - рецепт за лесен начин на закиселување на зеленчукот

Потребни состојки:

2 кг домати (зелени, розови или црвени)

2 кг пиперки

2 кг карфиол

2 кг моркови

2 кг краставички

За пресол потребно е:

Сол по вкус, и малку повеќе од тоа

вода, колку што ќе собере во садот со зеленчук

Подготовка:

Целиот зеленчук измијте го. Пиперката исечете ја на врвот. Доматите избодете ги со виљушка на 2-3 места. Краевите на краставичките исечете ги, карфиолот поделете го на крупни цветчиња. Морковот излупете го и краевите малку засечете ги.

Во садот ставете поголема најлон вреќа, така што краевите малку да излегуваат од садот.

Наредете еден ред краставици, моркови, пиперки, домати и карфиол. Редете така се додека не го потрошите целиот зеленчук.

Садот наполнете го со вода, па претурете ја водата во друг сад и додадете морска сол, така што пресолот да биде малку посолен од вашиот вкус. Добро промешајте за да се стопи солта. Не е неопходно пресолот да се вари.

 Пресолот префрлете го во садот со зеленчукот.

Прво заврзете ја кесата па потоа поклопете го садот со капак.

Ставете да стои на ладно место за да се закисели.