Туѓината пуста да остане, најтешко ми е кога доаѓаат празници

-Најтешко ми е кога доаѓаат празници, стојам на прозорецот и гледам во далечна замислен што ли прават моите деца во таа туѓина.

Со овие зборови, шеесет и седум годишниот Душко од Радишани ја започна својата приказна.

-Децата ми се во Германија, во Америка, куќа имам на три спрата, двор голем… Можеме со жена ми де се бркаме заедно, затоа што нема кој да седи!, раскажува низ солзи Душко.

Тој цел живот работел, се мачел, градел, за да им обезбеди подобра иднина на своите деца, но тие тргнале по друг пат.

 -Делев од себе за да имаат подбра иднида. Но, откако завршија факултет двајцата  не можеа да најдат работа, така прво ќерката замина во Америка, а по нејзе синот отиде во Германија за подобар живот. Со жената останавме сами, во толкава куќа.Најтешко ни е кога доаѓаат празниците, сами сме во тага. Куќата празна, без радост и смеа, раскажува Душко.

Овие двајца пензионери иако биле повикани да заминат во Америка кај ќерката решиле тука сами да продолжат надевајќи се дека еден ден децата ќе им се вратат.

„Ниту едно внуче не гледам, во дворот нема кој да игра! Тоа ме боли! Не им се лутам што заминале. Знам дека тука е лошо, таму имаат далеку подобри услови за живот.Синот доаѓа 3 пати во годината, додека ќерката за овие 10 години има дојдено само еднаш, вели Душко.