Трпчески во Лондон ќе го промовира “Македонисимо”

Македонскиот виртуоз на пијано Симон Трпчески на 21 јануари (19:30 часот) ќе настапи во престижниот “Вигмор Хол” во Лондон, каде пред британската публика ќе го промовира делото “Македонисимо”.

Присутните ќе имаат можност да слушнат транскрипции на македонска традиционална музика напишана од композиторот Панде Шахов.

Тој на сцената ќе настапи заедно со Александар Краповски на виолина, Александер Сомов на чело, Хидан Мамудов (кларинет, саксонфон и кавал) и перкусионистот Влатко Нушев.

Шахов, кој е еден од водечките македонски композитори, веќе десетина години живее во Велика Британија Овој проект тој му го посветува на македонскиот народ.