Трпчески ја воодушеви публиката во Рецитал хол, Сиднеј

Нашиот светски познат виртуоз на пијано Симон Трпчески ја одушеви публиката со својот настап во престижниот “Рецитал хол” во Сиднеј. Пред присутните тој ги изведе делата на Григ, Менделсон и Римски-Корсаков, а неговата изведба предизвика овации.

За неговата беспрекорна техничка изведба македонскиот виртуоз доби и одлични критики, а една од нив е: “Изгледаше како една од најхрабрите игри на пијано да се прикажани во “Рецитал хол”. Тие го открија Трпчески како пијанист со исклучителна способност. Неговиот динамички опсег е речиси надвор од верувањето, а тој е способен да создаде постојана грмотевица…”, напиша критичарот на J-Wire.

Трпчески на 28 јули ќе свири за љубителите на класиката во Тасманија по што следуваат концерти и во Нов Зеланд.