Тротоарот пред пошта во Центар добива нови плочки

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве го реконструираат тротоарот пред пошта во Центар.

На овој потег, вело патеката ќе биде целосно санирана, со отстранување на оштетените бетонски делови и поставување асфалт, а ќе бидат реконструирани и оштетените делови од пешачката патека. Овој простор дополнително ќе биде уреден со зеленило.

Мината година на оваа локација, Град Скопје засади 16 висококвалитетни садници од видот јавор.