Трогателна порака од фудбалер кој го преживеа падот на авионот

Волјата за живот нема граници. Алан Рашел, еден од тројцата бразилски фудбалери, кои минатата недела ја преживеаја фаталната авионска несреќа во Колумбија се исправи на нозе и испрати емотивна порака од болницата каде што се лекува.

Заздравувам многу добро и набрзо ќе бидам во Бразил каде ќе ја комплетирам рехабилитацијата. Сакам да ви се заблагодарам на сите за силата која ми ја дадовте и љубовта која ја покажавте, рече Рашел, кој за само осум дена од падот на авионот се исправи на нозе и ги отфрли црните прогнози дека засекогаш ќе остане инвалид. 

Рашел беше еден од тројцата фудбалери на Чапакоенсе што ја преживеа трагедијата, во која загинаа 75 патници, од кои 20 негови соиграчи и членови на раководството.. 

Последните медиумски написи за Рашел пренесуваат информација дека тој досега 3 пати се спасил од тешки несреќи - преживеал тешка сообраќајна несреќа со автомобил, а во авионот во кој беше меѓу ретките преживеани, во последен момент го променил местото за седење.

- Ако има 7 животи, подобро да не ги потроши следните четири - коментира неговиот лекар, Маркос Сонагли.