Трите дами и господинот пораснаа: Верверичките од зоолошка го прославија првиот роденден

Денеска, верверичките од Зоолошка градина го прославија првиот роденден. . Пред точно една година, еден хуман човек се јави дека ги пронашол на Водно, мали непрогледани, а ние ги земавме. Со секојдневно хранење по 7 шприца млеко на секои два часа дење ноќе, трите дами и господинот пораснаа.

Убавата вест беше објавена на фејсбук страната на зоолошката, со убав коментар: Да сте ни живи и здрави, Happy Birthday на Рипко, Спанко, Очичка и Инспектор Томе. 

Денеска нашите верверчки го прославија првиот роденден. Пред точно една година, еден хуман човек се јави дека ги...

Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Tuesday, March 31, 2020