ТРИК: Како месото да го направите помеко и посочно за време на печењето?!

Сода бикарбоната е неизбежна во секое домаќинство. На многумина им се познати нејзините магични својства и мноштвото начини за нејзина припрема, како во кујната така и за козметички цели.

А дали знаевте дека обичната сода бикарбона може да биде корисна и во припрема на месо?

Можеби тоа ви звучи изненадувачки, но таа ќе ви помогне да направите вкусна сочна шницла дури и од најтврдото парче месо. Зголемувајќи ја pH на месото, содата бикарбона овозможува задржување на влагата и ја прави неговата структура понежна.

За да омекнете тврдо месо, следете ги следните чекори:

- Земете парче месо и посипете го со сода бикарбона

- Распоредете ја по целата површина на месото.

- Оставете го месото во фрижидер 3 – 5 часа.

- Пред пропремата добро измијте го со вода од чешма.

- Подгответе го своето омилено јадење!